Достапни линкови

Талибанците во отворено писмо бараат САД да го напуштат Авганистан


Американскиот претседател Доналд Трамп

Талибанците во отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трамп ги повикаа САД да го напуштат Авганистан, а не да ја зголемуваат бројката на војници по 16 години на конфликт во земјата. Претходното искуство, како што наведуваат во писмото, покажува дека испраќањето на дополнителни војници во Авганистан ќе резултира само со уништување на воената и економска моќ на САД.

Според талибанците, со повлекувањето на американските војници ќе се стави крај на војната. Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, кој го испратил писмото наведува и дека Трамп ги препознал грешките на неговите претходници со тоа што побарал да се преиспита стратегијата на САД за Авганистан.

XS
SM
MD
LG