Достапни линкови

Османи: Спорот со името станува приоритет на Владата


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи изјави денеска дека Владата во следниот период ќе се фокусира на прашањето на името со цел забрзување на евроинтеграциите. Тој нагласи дека и неговата посета денеска на Берлин и месецов на Атина, како и најавената посета на шефот на грчката дипломатија Коѕијас на Македонија на крајот на месецов, се во тој правец.

Одговарајќи на новинарско прашање пред денешната средба со амбасадорите на земјите од Западен Балкан, Османи порача дека спорот со името станува приоритет на Владата, откако било решено прашањето со јазикот и потпишан договорот со Бугарија.

XS
SM
MD
LG