Достапни линкови

Иран се заканува дека ќе го напушти нуклеарниот договор


Иранскиот претседател Хасан Рохани во неговото обраќање во Парламентот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека земјата може лесно да го напушти нуклеарниот договор со шесте светски сили доколку САД продолжат со политиката на санкции и принуда. За време на неговиот говор во Парламентот, тој им порача на законодавците дека адиминстрацијата на американскиот претдеател Доналд Трамп покажала на светот дека не е добар партнер со заканата за раскинување на нуклеарниот договор од 2015 година. Според него, САД во изминатите месеци постојано ги прекршувале своите ветувања во договорот.

XS
SM
MD
LG