Достапни линкови

Пенс: САД ќе спречат пропаѓање на Венецуела


Aмериканскиот потпретседател Мајк Пенс, Богота, Колумбија

Соединетите држави ќе спречат Венецуела да пропадне и да ја загрози безбедноста во регионот. Ова во Богота го изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс по средбата со државјани на Венецуела кои од економски или политички причини побегнале во Колумбија. Пенс се наоѓа на неколкудневна турнеја по земјите на Латинска Америка. „Нема да седиме со скрстени раце, додека Венецуела пропаѓа. Важно е да се каже што рече претседателот Доналд Трамп дека држава која пропаѓа ја загрозува безбедноста и на другите на американскиот континент“, изјави тој. По Колумбија Пенс ќе ги посети Аргентина, Чиле и Панама.

XS
SM
MD
LG