Достапни линкови

Хоџај: Идеите на Србија за промена на границите се опасни


Поранешниот шеф на косовската дипломатија и пратеник Енвер Хоџај

Поранешниот шеф на косовската дипломатија и пратеник Енвер Хоџај изјави дека границите на Косово се меѓународно признаени и дека идеите на Србија за промена на границите се „опасни и неприфатливи“. „Косово е мултиетничко општество со меѓународно признати граници“, напиша Хоџај на Твитер. Според него, внатрешниот дијалог на Србија за решавање на косовското прашање ќе пропадне ако не заврши со признавање на независноста и државноста на Косово. Реакцијата на Хоџај уследи откако српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјавидека неговиот предлог за дефинирање што е албанско, а што српско во Косово не е насочен кон поделба на Косово и оти Србија нема да ја признае косовската државност на крајот од дијалогот Белград - Приштина.

XS
SM
MD
LG