Достапни линкови

Собранието ја продолжува расправата за разрешување на Зврлевски


Собранието на Македонија

Расправата во рамки на шестата седница на Собранието на Македонија за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски продолжува и денеска. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера во меѓусебни реплики и контрареплики, оценија дека намерно се форсира оваа расправа во Собранието со цел, како што посочија, да се дефокусира јавноста од актуелните теми, како задолжувањето, пожарите, стратегијата за бегалци. Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

XS
SM
MD
LG