Достапни линкови

Во првите седум месеци во БиХ влегле над 42.000 луѓе од арапски држави


Арапски туристички ресорт во селото Осеник во општина Хаџиќи на 30 километри од Сараево

Во првите седум месеци од годината во Босна и Херцеговина влегле 42.627 лица од арапските држави, а најголем број се од Обединети Арапски Емирати (19.887), се наведува во извештајот на Граничната полиција на БиХ.

Потоа следат од Кувајт (11.103), од Саудиска Арабија (9.385), од Катар (1.531) и на петто место се државјаните од Јордан (721).

Според податоци на туристичките агенции, Арапите во БиХ просечно престојуваат од пет до десет денови, а поголемиот дел од нив најмуваат за еден месец. Другите купуваат или градат куќи, каде веќе се изградени голем број арапски квартови.

Во споредба со минатата година забележлив е порастот на посети на Арапи во БиХ.

XS
SM
MD
LG