Достапни линкови

Обвинение за синдикален лидер во Белорусија


Претседателот на белорускиот синдикат на индустријата за радио и други електронски производи Генадиј Фјадинич

Лидерот на независниот синдикат во Белорусија информира дека е обвинет за даночно затајување. Претседателот на синдикатот на индустријата за радио и други електронски производи Генадиј Фјадинич денеска за Радио Слободна Европа изјави дека му било поднесено обвинение и дека му е забрането да го напушта Минск. Властите потврдија дека му е поднесено обвинение и оти за даночно затајување е обвинет и сметководителот на синдикатот Игор Комлик.

Полицијата на 2 август изврши претрес во просториите на синдикатот и заплени опрема и финансиска документација. Комлик беше уапсен и однесен во притвор. Фјадинич вели дека случајот против него и неговите соработници е политички мотивиран. Вели дека обвиненијата се поради улогата на синдикатот во протестите во февруари и во март против непопуларниот закон за работни односи со кој се предвидува данок за невработените.

XS
SM
MD
LG