Достапни линкови

Украина негира дека и продала ракетна технологија на Северна Кореја


Фабриката Јужмаш во Днепар

Украина соопшти дека никогаш не продала ракетна технологија во Северна Кореја, реагирајќи на текст на Њујорк Тајмс, каде што консултираните експерти велат дека Пјонгјанг можеби набавил ракетни мотори од Украина.

„Украина никогаш не испорачала ракетни мотори или каква било ракетна технологија во Северна Кореја“, соопшти денеска секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана, Олександр Турчинов.

Во денешниот текст на Њујорк Тајмс се наведува дека експертите веруваат дека ракетната фабрика во градот Днепар „најверојатно е извор на моторите“ кои ги покренуваат двете интерконтинентални балистички ракети што беа истрелани во јули од Северна Кореја. Во извештајот се наведува дека државната фабрика, позната како Јужмаш, е недалеку од територијата што ја контролираат проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG