Достапни линкови

Продолжува расправата за разрешување на Зврлевски


Архивска фотографија

Собранието денеска го одржува 10-тото продолжение на 6-тата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Расправата и денеска се состои од серија реплики и контрареплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на обраќањето на пратеникот Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. За пратениците од опозицијата барањето е неосновано и неаргументирано. Тие се повикуваат на членот 8а од Изборниот законик со кој, како што велат, е забрането назначување и разрешување функционери кога се распишани избори. Согласно тоа, порачуваат, нема можност за разрешување на Зврлевски пред 16 октомври, односно ден по одржувањето на локалните избори.

Пратениците од мнозинството во Собранието, повторно најавија дека ќе се откажат од нивните говори со цел побрзо законски и легално да биде разрешен Зврлевски и да биде избран нов државен јавен обвинител за да почнат реформите во правосудството.

XS
SM
MD
LG