Достапни линкови

ЦУК - Пожарите во Македонски Брод целосно изгаснати


Архивска фотографија: Пожар во близина на Требовље. Фото: ЦУК

Пожарите во Општина Македонски Брод, каде има прогласено кризна состојба, во атарот на селата Волче, Заград, Растеж, Здуње, Близанско и Грешница се изгаснати, информира денеска Надица Вчкова, портпарол на Центарот за управување со кризи.

„Во другото кризно подрачје, во општина Чашка, пожарот кај Јасеновска глава од страна на село Попадија е локализиран. Денес на терен се лица од шумско стопанство „Бабуна“ за контрола на теренот. Пожарот кај Богомилскиот тунел во овој регион, во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола и денес се врши контрола на опожарената површина од страна на пет лица, вработени во ШС „Бабуна“, изјави Вчкова.

Во текот на денешниот ден, вели таа, екипа на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лица од ЈП „Македонски шуми“, вршат извидување, набљудување и процена на состојбата со пожарите од воздух, односно со хеликоптер.

XS
SM
MD
LG