Достапни линкови

Нема кворум за конститутивната седница на косовскиот Парламент


Косовскиот Парламент.

Четвртиот обид за продолжување на конститутивната седница на косовскиот Парламент засега е неуспешен поради недостиг на кворум. Пратениците од коалицијата меѓу Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата на Косово најавија дека ќе ја бојкотираат седницата, бидејќи таа е закажана без консултации со раководителите на парламентарните групи.

На дневен ред на седницата е изборот на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом. Соединетите држави, Британија, Франција, Германија и Италија претходно ги повикаа политичките лидери на Косово да и стават крај на политичката криза.

XS
SM
MD
LG