Достапни линкови

Војната со Северна Кореја е поверојатна од пред 10 години


Претседателот на САД Доналд Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, директорот на ЦИА Мајк Попео и советникот за национална безбедност на американскиот претседател Херберт Мекмастер, ЊуЏерси. 10.08.2017.

Директорот на ЦИА Мајк Попео и советникот за национална безбедност на американскиот претседател Херберт Мекмастер изјавија дека САД и нивните сојузници не можат веќе да стојат настрана додека Северна Кореја продолжува да развива интерконтинентални балистички ракети со нуклеарна боева глава. Тие оценија дека воениот судир со Северна Кореја може да се избегне, но предупредија дека можноста за војна сега е поголема од пред десет години. Помпео и Мекмастер ја поддржаа острата реторика на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Северна Кореја. Мекнмастер додаде дека администрацијата на Трамп била подготвена на воена акција против Северна Кореја ако таа биде неопходна.

XS
SM
MD
LG