Достапни линкови

Дачиќ: разграничувањето со Косово, единствено решение


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ смета дека неговиот предлог за разграничување на Косово е единствено реален, брзо остварлив и во интерес на Србите и Албаниците“. Тој ова го наведува во авторски текст во белградскиот весник „Новости“ во кој додава дека за Косово постојат две концепции: цело Косово е српско и се е изгубено и мора да се признае независно Косово. „Двете концепции имаат негативни последици за српскиот народ. Првата може да се оствари само со војна, што во овие историски и геополитички услови е однапред изгубена битка. Втората е погубна, бидејќи тргнува од тоа дека се е решено“, оценува тој.

XS
SM
MD
LG