Достапни линкови

Одбележана 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор


претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери

Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери синоќа во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на конфликтот во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот. „Охридскиот рамковен договор и неговите принципи го претставуваат единствениот начин со кој во нашата држава ќе се развие и унапреди демократијата, ќе се почитува мултиетничкиот карактер и сите наши граѓани еднакво ќе ги уживаат сите права. За да биде ова реалност потребни се политичари визионери, со голема одговорност и цврста волја, кои ги сплотуваат, а не кои ги разединуваат своите сограѓани“, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во своето обраќање. Тој нагласи дека овој значаен документ на мирот и на помирувањето меѓу граѓаните се изготви и потпиша со политичка волја и со олеснување од меѓународната заедница и се заблагодари за постојаната поддршка што и се дава на земјава.

XS
SM
MD
LG