Достапни линкови

Манчевски : Регистарот за вработените во јавниот сектор не ја одразува реалноста


Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски

Министерството за информатичко општество и адиминистрација (МИОА) при поединечна проверка на сите 1302 институции што постојат во Македонија утврдиле дека има неактивни систематизации, невнесени договори за вработување, недостиг и неажурирани податоци за вработените во јавниот сектор . Поради немање реална слика за вработените во јавниот сектор, МИОА до ДИК доставило податоци добиени со вкрстување на бази од повеќе институции.

Министерот Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција рече дека се соочиле со многу поголем проблем од она што го очекувале зашто при проверката е утврдено дека 197 институции воопшто не побарале од МИОА согласност за систематизација и за нив Министерството нема никакви податоци, а 150 институции иако имале одобрено систематизација од МИОА, тие не се активни односно никогаш немаат внесено податоци.

Тој додаде дека поради тоа МИОА не може да гарантира за целосна веродостојност на податоците, но сметаат, како што рече, дека тие ќе одговораат на потребите на ДИК за спроведување на локалните избори.

XS
SM
MD
LG