Достапни линкови

Романија: Пресретнат брод со мигранти


Мигранти

Романските власти задржаа денека во Црното Море чамец со околу 69 имигранти.

Моторниот чамец, кој пловел под турско знаме бил пресретнат изутрината од романската крајбрежна стража со 69 нелегални мигранти. Чамецот е откриен на десет морски милји од романското пристаниште Мангалија, а мигрантите се од Ирак.

Чамецот е пресретна околу седум часот изутрината преку Интегрираниот систем за набљудување на Црното Море.

Првите проверки на романските власти утврдиле дека чамецот Екмек 1, кој пловел под турско знаме е управуван од двајца шверцери на мигранти, едниот од Бугарија, а другиот од Кипар, а во него се наоѓале 69 мигранти - 30 мажи, десет жени и 29 деца.

XS
SM
MD
LG