Достапни линкови

Кривична за „убиство во обид“ за полицаецот што пукаше во малолетници


Улица, сообраќај, автомобили.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанотод 11 август кај браната Мантово на влезот во Струмица каде полицаецот пукал во двајцата малолетници осомничени за обид за кражба, утврди дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба - огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција,

"Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка. До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија", соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР во соопштението наведува и дека најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти.

XS
SM
MD
LG