Достапни линкови

Најмногу дожд наврнат во Куманово


Дожд во Скопје

Најмногу дожд изминатите 24 часа е наврнат во Куманово, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 22 литри на метар квадратен.

Поголема количина врнежи имало и во Скопје-Зајчев Рид 19 литри, во Скопје-Петровец 11, во Берово 8, во Крива Паланка 7, во Виница 5, во Дебар 3, во Ѓуриште 2 и во Лазарополе 1 литар на метар квадратен.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во северната половина од земјава.

На одредени места ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Доцна попладне облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престанат насекаде.

XS
SM
MD
LG