Достапни линкови

Времето денеска: Променливо облачно и значително посвежо


Временска прогноза - облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и значително посвежо. Претпладне ќе има слаб локален дожд. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21 степени, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има слаб локален дожд.

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 24 степени.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

XS
SM
MD
LG