Достапни линкови

Расправата за разрешување на Зврлевски продолжува и утре


Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Расправата за разрешување на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски заврши доцна попладнето, а продолжението на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за утре.

Иако собраниската сала беше речиси полу празна, пратениците од ВМРО ДПМНЕ говореа на повеќе теми и си реплицираа меѓусебно. Пожарите, бегалската криза, законот за јазици и договорот за добрососедство со Бугарија беа дел од темите кои според нив се приоритетни.

На крајот од седницата пратениците од ВМРО ДПМНЕ му предложија на претседателот на Собранието Талат Џафери расправата да ја закаже во понеделник, но тој не се согласи и закажа ново продолжение за утре.

"Трошоците се заголемуваат зашто на еден говор има над 20 репликанти", изјави Талат Џафери кој реплицираше на еден од пратениците од опозицијата кој реагираше дека со дискусии во сабота и недела се зголемуваат трошоците на Собранието

Инаку пратениците од СДСМ одбија да учествуваат во расправата оценувајќи дека е бесмислена и укажаа дека е потребно Собарнието да се посвети на реформите.

XS
SM
MD
LG