Достапни линкови

СДСМ: Интерпелацијата за Алаѓозовски обид за кочење на реформите


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

СДСМ излезе со соопштение во кое се вели дека ВМРО ДПМНЕ со неоснованите, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за коишто гласаше мнозинството граѓани. Претходно опозициската партија поднесе интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

" ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот „Скопје 2014“, додека вистинското културно наследство беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа. Залудни и очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни интерпелации да ги закочат рефомите и да го прикријат криминалот и злосторот што го вршеа врз културното наследство" се наведува во соопштението.

СДСМ наведува дека наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикувала со години, министерот за култура и Министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата кои, како што посочува СДСМ, носат напредок и заштита на културната дејност

XS
SM
MD
LG