Достапни линкови

СДСМ нема да учествува во собраниската расправа за смената на Зврлевски


Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев на денешното продолжение на седницата на која се расправа за разрешување на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски, изјави дека пратениците од СДСМ нема да учестуваат во бесмислена расправа и покрај тоа што имале многу да зборуват за Марко Зврлевски. Тој посочи дека нема да учествуваат во расправата и покрај тоа што стотици лица неосновано завршиле во затвор

"На оваа седница се зборува за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните", рече Тунтев.

Toj на пратениците од опозицијата им порача дека време е да се тргне кон реформите кои ги очекува Европската Унија и граѓаните на Република Македонија.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и денеска од говорницата изјавуваа дека во овој период поважно е да се разговара за пожарите, мигрантите и Законот за јазици , наместо за ,како што велат, незаконското разрешување на Марко Зврлевски кое според нив е спротивно на членот 8а од Изборниот законик.

XS
SM
MD
LG