Достапни линкови

13 цивили загинаа во напад во северен Авганистан


Авганистан

Во напад со артилериски минофрлач кој удри во куќа во провинцијата Фарјаб, во северна Авганистан, загинаа најмалку 13 цивили, соопштија официјални лица. Полицијата соопшти дека десет деца и две жени загинале во инцидентот кој се случи во областа Давлетабад, а дека најмалку тројца други се повредени во инцидентот. Останува нејасно дали цивилите ги нападнаа авганистански безбедносни сили или талибански милитанти. Заега нема изјава од Талибанците.

Во провинцијата Фарјаб има зголемување на насилството во последниве месеци и двете страни се обвинети за таргетирање цивили. Обединетите нации во јули соопштија дека во првите шест месеци од 2017 година биле убиени 1.662 цивили, а 3.580 други лица биле повредени.

XS
SM
MD
LG