Достапни линкови

Меѓународен ден на младите


По повод Меѓународниот ден на младите Агенцијата за млади и спорт заедно со Националниот младински совет на Македонија денеска организира дебата и дружење во Градски парк кај Школка.

Дебатата е посветена на Младинската гаранција како една од приоритетните мерки на Владата, со која се нуди можност за субвенционирани работни места, вработување на младите, обуки, програми за самовработување, пилот програми за млади според локални потреби.

По завршување на дебатата ќе бидат доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоиле бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика.

Со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите Нации од 2000-тата година 12- Август како Меѓународен ден на младите се одбележува во светски рамки и има за цел да привлече внимание кон најважните приоритети и потреби на младите и да постави насоки за нивно остварување.

XS
SM
MD
LG