Достапни линкови

Трамп не исклучува воена интервенција во Венецуела


Венецуела

По една недела размена на остра реторика со Северна Кореја, американскиот претседател Доналд Трамп денеска започна војна на зборови со Венецуела велејќи дека не ја отфрла воената интервенција таму. Трамп изјави дека можна опција е "воена опција" во соочувањето со се поавторитарната влада на Венецуела. По ова министерот за одбрана на латиноамериканската нација Владимир Падрино го обвини Трамп за "лудост". Ескалацијата на размена на обвиненијата преку медиумите започна кога новинарите го прашаа Трамп, кој е на одмор во неговиот голф-центар во Џерси, за Венецуела. Во Венецуела има немири со месеци.Тензиите се зголемуваат додека Мадуро се обидува да ја консолидира својата моќ по неколкумесечните улични протести против неговото владеење. На 4 август беше инаугуриран новиот парламент кој треба да донесе нов устав со кој ќе и се дадат огромни овластувања на Социјалистичката партија на Мадуро. Повеќе од 120 луѓе се убиени, а илјадници уапсени во насилни протести.

"Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи можна воена опција доколку е потребно", рече Трамп по состанокот со својот тим за надворешна политика. "Ние не зборуваме за тоа, но воената операција - воена опција - секако е нешто што би можело да следи", рече тој. Зборовите на Трамп веднаш предизвикаа шок во Венецуела и на други места.

XS
SM
MD
LG