Достапни линкови

Расте бројот на загинати и повредени во судирот на возови во Египет


Илустрација.

Најмалку 36 лица се загинати и повеќе од сто се повредени во судирот на два возови во Египет, велат официјални претставници. Возовите денеска се судриле во близина на медитеранскиот град Александрија. Според извештаите, еден од возовите патувал од главниот град Каиро, а другиот од Порт Саид на северниот дел на Суецкиот канал. Во извештаите на државната телевизија во кои се цитираат претставници на Министерството за транспорт се вели дека несреќата најверојатно била предизвикана поради дефект на еден од возовите.

Во Египет во последните години се случија неколку несреќи. Во 2002 година се запали воз што се движеше на југот на земјата при што загинаа повеќе од 360 луѓе.

XS
SM
MD
LG