Достапни линкови

Индустријата со зголемен промет од над девет отсто


Архива - работнички во текстуилна индустрија, конфекција Хатра, Прилеп

Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 9,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Прометот во индустијата во јуни оваа година бележи намалување во однос на мај за 2,7 отсто, а во првите шест месеци одс 2017 година споредено со истиот период лани е зголемен за 9,1 проценти.

На домашните пазари прометот во индустријата во јуни годинава во однос на истиот месец минатата година е намален за 4,6 проценти, а на странските пазари бележи пораст од 13 отсто. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јуни годинава во однос на јуни минатата година, бележи пораст од 1,2 процента, а во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 9,6 проценти.

XS
SM
MD
LG