Достапни линкови

Американски град ќе плати оштета од 85 илјади долари за отстранување хиџаб


Жени во Хиџаб.

Градот Лонг Бич во Калифорнија ќе плати 85 илјади долари оштета на една муслиманска жена која обвини дека полицијата ја принудила да го симне нејзиниот хиџаб. Советот на американско-исламски односи го тужеше градот во име на Кристи Поуел, бидејќи полицијата на сила и го отстранила хиџабот во присуство на други мажи по што била уапсена. Според советот, Пауел била принудена да ја помине цела вечер во притвор при што искуството го опишала како длабоко трауматично.

XS
SM
MD
LG