Достапни линкови

Узбекистан планира да ја зголеми соработката со соседите


Узбекистанскиот министер за надворешни работи Абдулазиз Камилов.

Узбекистанскиот министер за надворешни работи Абдулазиз Камилов посочи дека Ташкент планира да ја зголеми соработката со останатите земји од Централна Азија. Според него, претседателот Шавкат Мирзијоев кој стапи на власт по смртта на Ислам Каримов се залага за подобри односи со земјите од регионот со цел решавање на виталните прашања. За време на 25 годишното владеење на Каримов, Узбекистан имаше отворени прашања со соседите како гранични спорови и економски несогласувања поврзани со снабдувањето со вода и енергија во регионот.

XS
SM
MD
LG