Достапни линкови

Трамп против лидерот на републиканците во Сенатот


лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел

Американскиот претседател Доналд Трамп прашува дали лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел треба да остане на таа функција ако не може да го протурка законот за здравствена заштита, како и некои други предлози. Со тоа Трамп невообичаено остро го нападна човекот која ја има најголемата моќ во горниот дом на Конгресот за изгласување на предлозите од Белата куќа, оценуваат новинските агенции.

Трамп го критикуваше Меконел за тоа што републиканците кои имаат мнозинство во Сенатот не успеале да го укинат законот за здравствена заштита на претходниот претседател Барак Обама. „Можете да верувате дека Мич Меконел кој седум години вика „укинете го и земенете го (обамакер) не успеал тоа до стори. Обамакер мора да биде укинат и заменет“, напиша Трамп на Твитер.

XS
SM
MD
LG