Достапни линкови

Меккејн предлага нова стратегија за Авганистан


Американскиот републикански сенатор Џон Мекејн предложи нова "стратегија за успех" во Авганистан, која вклучува повеќе антитерористички сили во земјата уништена од војната и која им дава поголема слобода во борбата против Талибанците, Исламската држава и другите екстремистички групи.

Мекејн, кој претседава со Комитетот за вооружени служби на Сенатот и е отворен критичар на политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за регионот, изјави дека САД се изгубени во Авганистан.

"Донесувањето на новата стратегија за постигнување на американските национални безбедносни интереси во Авганистан е одлука од највисоко значење, што треба да биде подложена на ригорозен надзор и дебата во рамките на нашата влада. Но, ние мора да се соочиме со фактите: губиме во Авганистан и времето е суштинско ако сакаме да постигнеме резултати“, вели тој во изјавата на неговата веб-страница.

XS
SM
MD
LG