Достапни линкови

Русија го одобри контроверзниот филм за царот Николај Втори


Руското министерство за култура го одобри објавувањето на филмот кој ја нагласува романтичната младост на цар Николај Втори, и покрај барањата на православните активисти и други конзервативци да го забранат филмот.

Министерството денеска издаде потврда за филмот, насловен како "Матилда", во кој се прикажани односите на Николас Втори со полската тинејџерка Матилда Кшешинскаја. Вјачеслав Телнов, шеф на филмското одделение на министерството, изјави дека „Матилда“ целосно е во согласност со правните норми.

Тој рече дека филмот има дозвола за прикажување на национално ниво, но дека на регионалните функционери ќе им биде дозволено самите да донесат одлуки за областите под нивна надлежност. Филмот ќе биде објавен на стогодишнината од болшевичката револуција од 1917 година.

XS
SM
MD
LG