Достапни линкови

Шариф на пат и покрај загриженоста за неговата безбедност


Поранешниот пакистански премиер Навас Шариф денеска го продолжи патувањето од Исламабад кон неговиот роден град Лахоре. Како што јавуваат агенциите, ова патување има за цел да го прикаже неговото политичко влијание откако одлуката на Врховниот суд го принуди да си замине од функцијата кон крајот на минатиот месец. Шариф заминува на пат и покрај загриженоста на блиските советници за неговата безбедност. Тој поднесе оставка на 28 јули, кратко откако Врховниот суд го дисквалификуваше од функцијата по истрагата со која се покажа дека неговото семејство не може да го објасни она што судот вели дека е огромно богатство во оф-шор компаниите.

Тврдењата произлегуваат од истекувањето на Панамските документи во април 2016 година, со кои адвокатска фирма од Панама откри дека трите деца на Шариф поседуваат офшор компании и средства кои не се прикажани во соопштението за богатство на неговото семејство. Партијата на Шариф, Пакистанската муслиманска лига-Навас, го избра неговиот најблизок соработник Шахид Хакан Абаси за негова замена на 1-ви август.

XS
SM
MD
LG