Достапни линкови

Во Турција уапсен осомничен милитант на ИД од Русија


Мапа на воената база Инџирлик

Турски медиуми јавија дека властите уапсиле осомничен милитант на Исламската држава од Русија кој наводно планирал напад со беспилотно летало на американски авиони во воената база во Инџирлик. Рускиот државјанин идентификуван како Руслан Бакијев бил уапсен во градот Адана додека го испитувал реонот околку базата.

Според медиумите, тој е осомничен и за планирање на напад во регионот. Турција е членка на НАТО, а американските сили ја користат базата Инџирлик за воздушната кампања против милитантната група Исламска држава во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG