Достапни линкови

Рускиот активист Удалцов по ослободувањето најави протести


Проминентниот руски опозициски активист Сергеј Удалцов.

Проминентниот руски опозициски активист Сергеј Удалцов кој пред два дена беше ослободен по речиси 5 години во притвор порача дека ќе го активира неговото движење Лев фронт и дека ќе одржи протести. На прес-конференција во Москва тој изјави дека некои противници на претседателот Владимир Путин се премногу прозападно ориентирани и дека нема да го поддржи Алексеј Навални кој планира да се кандидира на претседателските избори во март, наредната година.

Удалцов истакна дека никогаш нема да ги прифати барањата на западот како што е враќањето на Крим. Тој посочи дека ги поддржува проруските бунтовници кои се борат во источна Украина за како што наведе, да го остварат нивното право да зборуваат и да мислат на руски јазик.

XS
SM
MD
LG