Достапни линкови

Ослободени руските и српски државјани кои беа притворени во Косово


Илустрација

Притворените Руси и Срби од страна на косовската полиција поради нелегален премин на границата во земјата денеска се ослободени. Косовската полиција пред два дена соопшти дека привела шест руски и пет српски државјани кои патувале во две возила кога биле запрени во близина на границата. Судот во Приштина им изрече казна од 250 евра на секој од нив. Нивниот адвокат соопшти дека тие го напуштиле Косово откако ја платиле казната.

XS
SM
MD
LG