Достапни линкови

Вучиќ: Подготвен сум на компромис за Косово


Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Ако воспоставиме оска на мирот и стабилноста на линијата „север-југ“ меѓу двата најголеми народи на западниот Балкан - Србите и Албанците, за следните 100 години ќе ги решиме 80 проценти од нашите политички проблеми и затоа сум подготвен да учествувам во изнаоѓањето компромисно решение за Косово и Метохија, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според Вучиќ, од тоа решение нема да бидат задоволни ни двете страни, бидејќи само такво решение и може да биде компромисно. Денес ние не решаваме за нашето минато, туку за нашата иднина, изјави Вучиќ при гостување на телевизијата Пинк.

Затоа, според него, како исклучително важен го смета внатрешниот српски дијалог за Косово, на кој, како што рече, се повикани најширок круг актери од општествениот и политичкиот живот во Србија.

XS
SM
MD
LG