Достапни линкови

ИД се заканува со нови напади во Иран


Запленето оружје по акцијата на иранската полиција против приврзаници на ИД, 12,06.2017.

Екстремистичката Исламска држава објави видео во кое се заканува со нови напади во Техеран и ги повикува младите Иранци се борат против нивната држава. Радикалната сунитска група Исламска држава која е под опсада од сите страни во Сирија и Ирак гледа во главно шиитскиот Иран како на еден од главните нејзини непријатели. Првиот напад на ИД во Иран беше на 7 јуни кога беа нападнати парламентот и мавзолејот на Ајатолах Хомеини во Техеран при што беа убиени најмалку 18 луѓе.

XS
SM
MD
LG