Достапни линкови

САД ја предупредија Северна Кореја да не презема деструктивни акции


американскиот секретар за одбрана Џим Матис

Соединетите држави ја предупредија Северна Кореја дека продолжувањето на нејзината нуклеарна програма би можело да доведе до, „крај на режимот и уништување на нејзиниот народ“. Ваквото остро предупредување го искажа американскиот секретар за одбрана Џим Матис. Тоа следуваше откако претседателот Доналд Трамп изјави дека американскиот нуклеарен арсенал е напобедлив и оти се надева дека нема да биде принуден и да го употреби. Матис додаде дека Пјонгјанг треба да запре да се изолира и да престане со развивањето нуклеарно оружје. Неколку часа по предупредувањето на Матис, Северна Кореја ја повтори заканата, односно дека ги финализира плановите за лансирање четири ракети од среден дострел во близина на островот Гуам на Пацификот на кој е сместена американска воена база. Пјонгјанг ги отфрли американските предупредување како бесмислени, наведувајќи дека не може да преговара со претседателот Трамп кој бил, како што е наведено, „неразумен“.

XS
SM
MD
LG