Достапни линкови

Собранието утре ја продолжува расправата за Зврлевски


Собранието на Македонија

Собранието на Македонија утре ја продолжува расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. По вчерашното продолжување во кое имаше серија реплики и контрареплики од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по дневниот ред на 6-тата седницата и нејзиното продолжение го закажа за в петок во 11 часот. На дневен ред на седницата се уште 31 точка меѓу кои и Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, Информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година.

XS
SM
MD
LG