Достапни линкови

Седницата за Зврлевски продолжи и по 18 часот


Архивска фотграфија - Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Собраниската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски продолжи и по 18 часот, кога вообичаено завршуваат седниците. Расправата ја одбележаа неколку прекини и спорење на легитимноста на седницата, оти биле закажани избори. Првата пауза уследи откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа говорницата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаа серија реплики на обраќањето на пратеникот Артан Груби од ДУИ иако тој не беше присутен во салата во попладневниот дел од работата на Собранието.

Тие, како што рекоа, бараат разумно објаснување за разрешување на Марко Зврлевски и велат дека никогаш не рекле оти се против тоа. Сметаат дека во моментов има многу побитни теми на кои треба да се расправа како што се Договорото со Бугарија, мигрантите, пожарите, депонијата во Струга...

XS
SM
MD
LG