Достапни линкови

Владата ќе подготвува стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот


Архивска фотографија - Владина седница

Владата, на предлог на Министерството за внатрешни работи, денеска усвои Информација за потребата од изготвување стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со акциски план за нејзино спроведување. Со оглед на тоа што оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, Владата ги задолжи министерствата за правда и за финансии (Управа за јавни приходи, Царинска управа, Управа за финансиска полиција; Управа за финансиско разузнавање), да достават номинации за членови на работна група за изготвување на стратегијата, соопшти владината служба за информирање.

XS
SM
MD
LG