Достапни линкови

НБРМ: Показатели за подобрување на економијата


Архивска фотографија - Гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

По стагнацијата на економската активност во првото тримесечје, показателите во вториот квартал упатуваат на подобрување на состојбата на економијата, оценил Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија на вчерашната седница.

Таа констатација, соопшти денеска НБРМ, е поддржана од растот на индустриското производство, по неговото намалување во првото тримесечје, забавувањето на падот на градежната активност, како и забрзувањето на растот во трговијата. Сепак, истакнува НБРМ, расположливите високофреквентни податоци за второто тримесечје се ограничени, што ја отежнува можноста да се формира прецизна оцена во поглед на динамиката на активноста во овој квартал. Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските остварувања во првото тримесечје создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5 проценти за цела 2017 година, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG