Достапни линкови

Уапсен осомничен за нападот на војници во Париз


Француска полиција на местото каде автомобил удрил во воена патрола.

Француската полиција пукала, а потоа уапсила осомничен за нападот со автомобил на група војници во предградие на Париз. Автомобил влетал во воена патрола, при што се повредени шест војници. Полицијата потоа го бркала автомобилот и пукала и го ранила осомничениот. Тој е уапсен и според полицијата станува збор за човек во доцните 30 години, пренесуваат медиумите повикувајќи се на извори вклучени во операцијата, кои сакаат да останат анонимни.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерард Коломб вели дека актот е намерен и дека човекот го сторил тоа на своја рака. Министерот заедно со својот колега за одбрана, Флоренс Перли, ги посетија повредените војници. Војниците се однесени во болница, но никој не е во животна опасност, изјавија министрите.

XS
SM
MD
LG