Достапни линкови

На седницата за Зврлевски - повеќе пауза, помалку дискусија


Архивска фотографија - Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Собраниската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе продолжи во попладневниот дел, откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина по третпат.

Досегашниот дел од денешната собраниска седница ја одбележаа неколку прекини и спорење околу легитимноста на расправата за разрешувањето на Зврлевски кога веќе се закажани локални избори. Седницата е предвидено да продолжи во 15:30 часот.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во продолженито по втората пауза во процедурална забелешка апелираше за избегнување тензични моменти во Собранието и побара сите заедно да апелираат Државната комисија за антикорупција побрзо да се произнесе. Џафери рече дека не може да прави преседан работата на Собранието да зависи од нечии мислења и во тој контекст посочи дека нема пречка да работи додека не се добие мислење.

Собранискиот спикер на самиот почеток на денешното продолжение на шестата седница на Собранието даде пауза откако претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присутни во салата застанаа пред говорницата.

XS
SM
MD
LG