Достапни линкови

Тилерсон повика на смиреност по заканата од Северна Кореја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон повика на смиреност откако претседателот Доналд Трамп и Северна Кореја разменија закани. Тој изјави и дека Американците не треба да бидат загрижени и може да спијат мирно. Говорејќи пред пристигнувањето на Гуам, Тилерсон посочи дека не верува оти има некаква непосредна закана откако Северна Кореја денеска соопшти дека „внимателно ги испитува“ плановите да изведе ракетен напад врз американскиот островот на Пацификот.

Трамп го предупреди Пјонгјанг дека секоја закана ќе биде пресретната со „оган и бес“. Според Тилерсон, Трамп се обидувал да испрати силна порака до Северна Кореја на јазик кој ќе биде разбирлив за нејзиниот лидер.

XS
SM
MD
LG