Достапни линкови

Приведени 11 Руси и Срби за нелегален премин во Косово


Илустрација

Косовската полиција соопшти дека привела шест руски и пет српски државјани кои нелегално ја преминале границата на земјата. Според полицијата, тие патувале во две возила кога биле запрени во близина на границата. Полицијата го информирала руското дипломатско претставништво во Косово за настанот.

XS
SM
MD
LG