Достапни линкови

Србија очекува брзо решавање на спорот со Хрватска


Српскиот министер за трговија и туризам Расим Љајиќ.

Српскиот министер за трговија и туризам Расим Љајиќ изјави денеска дека очекува во следните два до три дена да биде најдено решение за спорот меѓу Хрватска и четири западнобалкански земји. До спорот дојде поради одлуката на Хрватска за зголемување на цените за инспекциските контроли при увозот на овошје и зеленчук од држави кои не се членки на ЕУ.

Според Љајиќ, на никому не му е во интерес заострување на односите и состојбата не треба да трае долго, бидејќи од трговските војни на крајот само се бројат штети и никој не може да профитира. Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево побараа Загреб под итно да го повлече правилникот.

XS
SM
MD
LG