Достапни линкови

Гувернерот на Гуам ги отфрли заканите за напад од Северна Кореја


Приказ на оддалеченоста на Северна Кореја и Гуам на телевизиски екран во Јужна Кореја по заканите за напад на островот.

Гувернерот на Гуам, Еди Калво ги отфрли денеска заканите од Северна Кореја и изјави дека островот, кој се наоѓа на Пацификот е подготвен за било која ситуација со стратешки поставена одбрана. Тој истакна дека е во контакт со Белата куќа и дека нема промена во нивото на закана за Гуам, кој има популација од 163 илјади жители. Калво порача и дека Гуам е на американска почва и островот не е само воена инсталација.

Северна Кореја денеска соопшти дека „внимателно ги испитува“ плановите да изведе ракетен напад врз Гуам. До ова дојде само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Пјонгјанг дека секоја закана ќе биде пресретната со „оган и бес“.

XS
SM
MD
LG